Категории

6 забавни и високоплатени работни места

Кога се збори за некое работно место дека е добро, обично се мисли на тоа дека работата е добро платена. Но, дали ако работата е добро платена, а сепак е здодевна, стресна или со лоши услови за работа, таа сепак заслужува да се нарече „добра“? Сепак, третина од целиот ден ја поминуваме на работното место, така што, убаво е да уживаме во таа работа.

Поради тоа, направивме листа на работни места, кои не само што се добро платени, туку се и забавни.

1. Рекламен или маркетинг менаџер

Рекламните или маркетинг менаџерите се соочуваат со многу аспекти на промотивни и рекламни кампањи на една компанија. Дополнително, тие се занимаваат и со брендинг и со јавни односи. Кариерните можности во ова поле се поголеми, од работење во маркетинг агенција, до менаџирање на маркетингот за една конкретна компанија

Фактори на забава: интеракција со интересни и различни луѓе, динамичност.

Пораст на бараност на работното место: 10%

2. Ветеринар

Ветеринарите ја работат една од похуманите работи во светот. Тие се занимаваат со помош на болни животни и со грижење за здравјето на здравите, и тоа само по себе ја прави работата преубава за секој кој е обожавател на животни.

Фактори на забава: патување до одредени локации за помош на поголеми животни (на пример, коњи, крави, кои не можат да се однесат лесно во амбуланта), но и генералното среќавање со животни за оние кои се љубители.

Пораст на бараност на работното место: 20%

3. Шминкер

Шминкерската уметност секогаш ќе биде многу барана. Може да работите самостојно, но и во козметично студио, каде што ќе ги шминкате сите кои имаат потреба од „фенси“ изглед. Може да работите и во театар или телевизија, па да ставате различни шминки, од шминка за пред камера за водители, до екстравагантни изгледи за потребите на некој филм или претстава.

Фактори за забава: Запознавање со нови луѓе и огромна креативност

Пораст на бараност на работното место: 13% (се однесува на секаков вид на козметичар)

4. Планер на настани

Оваа работа е секогаш динамична. Многу често се бара планирање на повеќе настани во исто време. Може да се работи самостојно, но и во рамките на некоја институција, како хотел или рекреационен центар. Еден ден можеби ќе работите за елегантна свадба, другиот за детски роденден, а третиот за бизнис конференција, така што ниеден ден не е здодевен или сличен на претходниот.

Фактори за забава: Динамичност, различна работа секој ден, запознавање на различни луѓе и бескрајно користење на креативност

Пораст на бараност на работното место: 11%

5. Новинар/репортер

Новинарите и репортерите истражуваат, припремаат и презентираат информации за различна варијација на теми. Секогаш ќе бидете во чекор со најновите збиднувања за мода, музика, вести, забава, спорт и многу други аспекти на модерната култура. Може да работите во една конкретна област, но и во многу различни истовремено.

Фактори за забава: бесплатни карти за многу настани, излегување пред камера, истражување и презентирање на својот труд.

Пораст на бараност на работното место: 18.2% во секторот на видео и аудио индустријата, 8.3% во уметностите, забавниот и рекреативниот сектор и 3.1% во секторот на телевизиско емитирање.

6. Графички дизајнер

Графичките дизајнери се визуелните комуникатори на секоја ситна работа што ја гледаме околу нас: од билборди, до дизајни на продукт, до списанија и менија во ресторани, до логоа на

компании, и многу други работи. Графичките дизајнери работат и самостојно, но и за некоја компанија или дури и дизајнерско студио.

Фактори за забава: Користење на креативноста на применет начин, комуникација со клиенти, разбирање на маркетинг светот

Пораст на бараност на работното место: 4% генерално, 16.3% во трговската дејност, 14.6% во здравствена и фармацевстска дејност, 16.4% во видео и аудио индустријата.