6 знаци дека на Вашата романтична врска ѝ дошол крајот

Не сакаме да размислуваме за крај на врската со личноста која ја сакаме. Но, реалноста е дека голем дел од врските, едноставно, завршуваат. Кои се знаците дека партнерот се оддалечува од вас?

1.Партнерот поминува значително повеќе време со пријателите и семејството од порано.

Дури и ако свесно не размислува за раскинување, нему едноставно повеќе почнува да му годи друштвото на блиските отколку Вашето друштво,  и на потсвесно ниво сака да е почесто со ни бидејќи претчувствува дека за брзо ќе му биде потребна емотивната потпора.

2.  Почнувате да се согласувате за работи за кои што во минатото би се карале

Ова на почеток изгледа како добра работа, но не е. На партнерот не му се наеднаш променети мислењата и ставовите, туку едноставно повеќе не му се вложува труд во аргументирање.

3. Кога нешто големо ќе се случи, тие не се првата личност на која ѝ кажувате

Добивте промоција на работа и за тоа дознаа сите Ваши другарки и семејството, пред тој да дознае. Зошто? Бидејќи потсвесно чувствувате дека сте оддалечени и знаете дека оваа личност повеќе нема да се израдува на Вашиот успех искрено и од душа.

4. Здодевно ви е сѐ, не само врската

Ова е знак дека имате станати апатични кон животот бидејќи врската ви е здодевна, лоша или млитава.

5. Се повторувате по многу пати кога им зборувате

Едноставно, не Ве слушаат. Вниманието не им е насочено кон вас или пак, сосема ве игнорираат. Вашиот глас им има станато само ехо што „од едно уво влегува, од друго излегува“.

6. Се чувствувате осамено кога сте со него

Се чувствувате како да не сте СО некого, туку како да сте сами. Ова е најчесто резултат на дел од погоре набројаните проблеми: Ве игнорира, не се дружите често, не ви се радува на успесите. Кога човекот буквално  не ви постои во врската, нормално е дека ќе се чувствувате осамено.




Коментари

[fbcomments]