Категории

7 чудни професии за коишто можеби не сте слушнале

Како што светот се развива и се поврзува со разни индустрии, некои професии стануваат излишни додека други стануваат уникатни. Но, некои професии можат да бидат категоризирани само во категорија на чудни професии за коишто не Ви треба диплома. Овие професии за некои луѓе се важни, а за некои се повеќе од чудни. Проследете дел од нив:

1. Гледач на филмови

Ваша работа е да можете да разграничите дали филмот е добар или пак ужасен. Приходите се движат од 12 до 15 долари од час. За многу луѓе ове е нивната идеална кариера.

2. Професионален извинувач

Ова е една од најчудните професии во светот. Професионалниот извинувач постојано се извинува во име на други се додека извинувањето не е прифатено од повредената личност.

3. Професионален гушкач

Луѓето коишто имаат некоја траума или пак се депресивни и осамени, можат да најдат утеха кај професионалните гушкачи. Не е тешко да се стане професионален гушкач, но треба да бидете емпатични. Оваа професија е платена од 20 до 40 долари од час.

4. Изнајмувачки дечко

Во Токио, доколку имате пари, многу лесно можете да си најдете дечко.

5. Дегустатор на храна за кучиња

Ваша работа е да проверите дали храната за кучињата е безбедна за нив.

6. Инструктор за сурфање на кучиња

Изгледа неверојатно, нели? Професионалци се вработуваат за да ги обучуваат сопствениците на кучиња како да сурфаат. Овие инструктори добиваат по околу 13 долари од час.

7. Ловец на велосипеди

Државата со најдобра инфраструктура за велосипеди е Холандија, па не е ни чудно што голем број велосипеди се наоѓаат токму во холандските реки. Годишно се извлекуваат околу 14,000 велосипеди.

Прегледи:
84
Категории:
Занимливости
Објавено на:
17.11.2022