Категории

7 добри причини зошто не треба да престанете со вежбањето пилатес во лето!

Кога доаѓа летото, многумина од нас престануваат да ги прават работите кои ги правеле во зима кои се добри за нас и нашето здравје. Замислете да не се дружите со пријателите, да не одите на патувања и да не ја јадете храната која ја сакате. Зошто? Без причина – бидејќи е лето.

Летно време честопати се откажуваме и од редовните тренинзи иако од есента до пролетта сме уживале во нив и сме се чувствувале одлично. Зошто? Поради истата причина – бидејќи е лето! Но, тоа воопшто не е добра причина за менување на секојдневните навики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Ова се 8 одлични причини зошто не треба да престанете со вежбањето пилатес кај првите и најдобри PowerHouse Pilates:

1. Ако сакаш добро обликувано тело, тогаш континуитетот е најважен за тебе

Мускулите нема сами од себе да останат добро обликувани. Особено е важно да бидат активни повеќе пати во неделата. Доколку се „успијат“ во текот на летото ќе биде тешко да ги „разбудите“ по 2, 3 месеци.

2. Два месеци пауза, поништуваат шест месеци напорна работа

Вежбајќи пилатес како и секоја друга физичка активност, бара континуитет. Со паузата ќе го поништите цел труд и напор кој сте го вложувале сите овие месеци. Мускулите ќе почнат да се опуштаат и да ја губат својата форма и облик. Иако не сакате да го слушнете тоа, но тогаш се враќа и вишокот килограми на оние места каде што напорно сте работеле да го изгубите.

3. Ќе ти биде многу потешко да се вратиш на тренинзите по летото

Исто како и со другите активности, најлошо нешто што може да му го направите на телото е залажувањето дека „почнувам од утре“.

4. Гледајте на тренингот како на забава

Секако дека летото е создадено за забава и уживање. Тоа е едноставно така. Ни со тренингот не треба да биде поинаку. Уживајте и не се оптеретувајте со резултатите. Тие ќе дојдат сами од себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


5. Одличниот тренинг може да трае само 30 минути

Во текот на летото ќе имаш многу други активности и не е потребно да го поминуваш целото свое време вежбајќи, важно е само да одржите континуитет. Веќе знаете дека доволно е и само 30 минути дневно за вежбање, за да ја одржите кондицијата.

6. Ќе го зачуваш организмот, давајќи му повеќе енергија и адаптирајќи го на големи жештини

Пад на притисокот, отекување и вртоглавици се честите појави во текот на летото. Дури и ако немате никакви проблеми со здравјето, сигурно сте ги почувствувале овие симптоми. Тренингот ќе му помогне на твојот организам да се избори со големите жештини.

7. Не го чекај септември за нови почетоци

Сите добри почетоци веќе се заочнати, а сега треба само да ги продолжиме. Не го чекај септември за да почнеш да работиш на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


За крај, дали воопшто е потребна причина да започнеш или да ги продолжиш своите тренинзи во најдоброто пилатес студио кај нас PowerHouse Pilates? Зар не е доволно добра причина одличното чувство кое го добивате по успешниот тренинг? Сигурни сме дека не сакате да престанете токму сега кога е најдобро.