7 едноставни чекори до вистинска среќа: Добредојдовте во посреќен живот

7 чекори за секој што сака да биде среќен и ќе ве научат дека среќата доаѓа одвнатре.

Книгата на Марси Шимоф и Керол Клајн, „Чекор по чекор до среќа“, објавена од изавачката куќа Алнари, е посветена на секој што некогаш посакал да биде среќен. Среќата не е само „ѕвезда што паѓа“.

 

Еве 7 лесни чекори за да ви помогнеме на патот кон среќата:

 

  1. „Темел – Преземете ја сопственоста на вашата среќа

 

Треба да верувате дека можете да бидете навистина среќни, па потоа да станете свесни за лошите навики што ви стојат на вашиот пат и на крајот полека и истрајно да го префрлите вашиот фокус на нови навики кои ќе и служат на вашата цел подобро и попосветено “.

 

  1. Столб на умот – не верувајте во сè што мислите

 

Откажете се од вашиот начин на размислување.

 

  1. Столб на срцето – дозволете љубовта да ве води

 

Срцето е седиштето на нашите емоции, место кое е клучно за човечката среќа и мудрост.

 

  1. Столб на телото- нека вашата среќа потекнува од самите клетки

 

Среќата не е само состојба на умот, туку и физичка состојба. Нашите тела се создадени да ја поддржуваат среќата.

 

  1. Столб на душата – поврзете се со духот

 

Обидете се да се потсетите на ситуација кога мислевте дека животот е прекрасна работа. Секој  од нас некогаш и некаде ја почуствувал величенственоста на животот која пробудила чувство на страхопочит. Токму во такви ситуации, кога нашата смиреност се испреплетува со неизмерна возбуда, настапува момент во кој се поврзуваме со духот.

 

  1. Покрив – води живот инспириран од цели

 

Всушност, која е вашата цел? Наспроти популарното верување, вашата цел не се сведува на работата или професијата што ја извршувате. Нешто далеку поголемо е во прашање.

 

  1. Градина – негувајте ги корисните меѓучовечки односи

 

Луѓето со кои го споделувате вашиот живот се како градина што го опкружува вашиот дом на среќа. Нашите општествени односи влијаат врз на нас, тие можат да нè кренат во височина или да нè повлечат во бездна. Во нашите животи, среќните луѓе ги негуваат меѓучовечките односи кои ја негуваат и хранат нашата среќа “.




Коментари

[fbcomments]