7 интересни факти за лубениците кои најверојатно не сте ги знаеле

Лубеницата во поголемиот дел од светот е симбол за лето, таа е слатка и вкусна, се конзумира секојдневно. Таа е толку посебна што има свој специјален ден, а има неколку факти за неа кои можеби не ги знаете, а се интересни.

1. Првата регистрирана берба на лубеници се случила пред скоро 5.000 години во Египет.

2. Лубеницата е составена од 92% вода.

3. Кина е најголемиот светски производител на лубеници, а Турција е втора.

4. Има над 1.200 видови на лубеници, кои можат да варираат во големина, како и боја, црвена, портокалова, жолта или бела.

5. Според Гинисовата книга на рекорди, од 2013 година најголемата обрана лубеница тежела 121.93 kg.

6. Секој дел од лубеницата може да се јаде.

7. Лубениците може да се водат и како овошје и како зеленчук, бидејќи доаѓаат од истата фамилија како и краставиците и тиквите.

 




Коментари

коментари