Категории

7 мали промени кон подобар живот

Секоја промена во животот, ни прави дисбаланс на статус кво-то. Ние секогаш тежнееме кон тоа нашите животи да ги промениме кон подобро. Знаеме дека голема промена како, на пример, поголема куќа, подолг одмор, и слично, може да ни донесе среќа, но таа среќа не е одржлива, односно, за брзо го губи својот сјај. Малите промени се оние кои се во својата суштина големи, и тие кои можат трајно да ни го променат животот.

Кои се тие промени?

1. Репрограмирање на мозокот кон тоа да размислува позитивно

Секако, при толку негативни работи насекаде околу нас, ова не е баш лесно да се постигне, но постојат чекори кои можеме да ги преземеме за да се приближиме до вакво размислување.

· Пишување во дневник на благодарноста. Секој ден, запишувајте по неколку работи кои сте благодарни што ги имате или што Ви се случиле.

· Дружете се почесто со позитивни и добри луѓе.

· Бидете активни. Вежбањето активира лачење на среќни хормони, а седењето мирни предизвикува задлабочување во негативни мисли.

2. Наместете го алармот пола час порано

Карактеристика која се чини дека е НЗС на сите успешни луѓе, е тоа што стануваат рано. Никој не вика дека треба да станувате во 4:00 наутро, но аларм пола час порано од обичното, Ви овозможува многу бенефиции. Со овој пола час порано, ќе имате време да направите било што што ќе Ви влијае врз чувството на продуктивност: читајте, вежбајте, одговарајте на електронски писма, доручкувајте – било што, што субјективно ви создава добробит.

3. Чистете по себеси веднаш

Колку време е навистина потребно да си го средите креветот или да ги средите неколкуте чинии од доручекот? Пет минути? Проблемот е што ако не ги средуваме овие минорни обврски, тие се натрупуваат, стануваат многу поголеми обврски, и ни создаваат многу поголем стрес.

4. Не нафаќајте се на премногу одговорности

Никој нема енергија успешно да изврши триесет различни активности во еден ден. Но, многумина од нас се нафаќаат на невозможни мисии, само затоа што се плашиме да кажеме не, или навистина мислиме дека можеме да постигнеме сѐ. Со подобрување на животот се почнува преку мали промени. Сакате да јадете готвена храна почесто? Почнете со готвење 2 или 3 пати неделно, наместо драстична промена од која до крајот на неделата ќе се уморите. Сакате да вежбате почесто? Почнете со лесни 10-минутни растегнувања секој ден.

5. Не бидете толку предвидливи

Некогаш толку заглавуваме во круг на сопствените навики, што си здодеваме сами на себе и си стануваме премногу предвидливи. Започнете со некои мали авантури секоја недела. На пример, пробајте нова храна, појдете на ново место, променете ја фризурата – направете било што кое ќе Ве изненади сами од себеси.

6. Заменете го жалењето со благодарност

Ако се жалите за работи кои не можат да се променат, за џабе си губите време и ментална енергија. Наместо тоа, размислете што позитивно може да извлечете од таа лоша ситуација, и бидете благодарни на новата лекција.

7. Не споредувајте се себеси со другите

Вистината е дека секогаш ќе има некој со подобра работа, подобро возило, некој кој оди на подобри одмори. Некој се венчал и имал деца пред Вас, некој се вработил пред Вас. Вашите споредби нема да го променат овој факт, само ќе Ве прават да се чувствувате мизерно. Прекинете ја оваа навика и бидете среќни со тоа што го имате, како и горди што сте стигнале таму каде што сте.

Прегледи:
551
Објавено на:
22.08.2019