Категории

7 неверојатни предности на медитацијата

Медитација е интеракција помеѓу телото, мозокот, душата и однесувањето. Бројни истражувања докажале дека медитацијата има големо влијание врз здравјето на целото тело, а ова се 7 неверојатни предности на медитацијата.

Ја зголемува креативноста

Луѓето кои секојдневно медитираат имаат изразена креативност. Медитацијата го поттикнува размислувањето кое ви овозможува да му пристаптите на секој проблем од различни перспективи и да постигнете креативни решенија.

Го намалува стресот

Луѓето кои секојдневно медитираат имаат пониско ниво на хормонот на стресот во телото. Со помош на медитација ќе научите како да одржите смиреност и под невозможни услови.

Ја подобрува меморијата

Луѓето кои медитираат редовно се способни да ги филтрираат надворешните пречки. Исто така, медитацијата ја зголемува продуктивноста. Со секојдневна медитација ќе научите како да ги изолирате сите работи кои ви пречат и како да го задржите фокусот.

Ги подобрува односите со другите луѓе

Медитацијата го подобрува расположението и овозможува подобра поврзаност со другите луѓе. Помага при развивање на сочуство и комуникација.

Ги ублажува симптомите на болестите

Медитација може да ви помогне да го регулирате крвниот притисок и да ги ублажите симптомите на болестите на респираторниот систем.

Овозможува подобар квалитет на спиење

Медитација пред спиење ви помага да се релаксирате. Истражувањата покажаа дека е одлична за луѓе кои страдаат од несоница и депресија.

Зголемува желба за секс

Откако ќе почнете редовно да медитирате ќе забележите дека вашата желба за секс станува повеќе изразена. Медитацијата ќе го намали нивото на стресот, ќе ве релаксира и ќе се чувствувате одморено.