7 секојдневни навики кои носат свежина и ред во животот

Како секојдневните навики влијаат на нас ? Дали е важно како го започнуваме и завршуваме секој ден ? Можеме ли да бидеме сигурни дека ќе ги завршиме сите обврски ако истите не ги запишеме ? Во прилог ќе прочитате 7 секојдневни навики кои носат свежина и ред во животот.

1. Проветрување
Наутро, ако немате многу време- најмалку 5 минути отворете ги прозорците и пуштете го свежиот воздух да влезе во просторијата. Свежината носи нова енергија во просторот, посебно во спалната соба во која сме престојувале во текот на спиењето.

2. Напиток кој не прави среќни
Утрото треба да се започне со напиток кој не прави среќни.

3. Одредување на приоритетите
Малкумина успеваат во текот на денот да ги завршат сите обврски кои ги замислиле, па затоа е многу важно на списокот на обврски да се одредат приоритетите.

4. Присутност во мигот
Во се што правиме треба да бидеме присутни и благодарни за тој миг. Многу е важно да научиме да бидеме присутни во мигот, а не постојано да размислуваме за иднината.

5. Одмор од обврските со филџан чај
Без разлика каква работа работиме, неминовно е на крајот од денот да бидеме исцрпени, физички или психички. Затоа е важно денот да го завршиме со чај, кој освен што ќе не опушти- може и значително да го подобри нашето здравје.

6. Враќање на работите на место
Иако креативниот неред е сосема прифатлив, факт е дека е многу поубаво да се разбудиме во чиста просторија. За тоа да биде возможно секоја вечер треба работите да ги вратиме на свое место. Тоа одзема највеќе 5-10 минути, а многу влијае на расположението пред спиење.

7. Благодарност за денот
Секогаш треба да бидеме благодарни на денот кој сме го поминале, на своето семејство, на успешниот работен ден, прошетката во парк.

Внесете во својот живот некоја од овие 7 навики, нема да згрешите. Секоја од нив е насочена кон тоа да се чувствуваме подобро и воедно ни пружа можност барем на кратко да се запрашаме што ни е навистина важно.




Коментари

коментари