Категории

7 ситници кои ќе ви откријат дека вашиот партнер ве сака и без да ви го каже тоа

Како да препознаете дали вашиот партнер ве сака дури и ако сеуште не ви го кажал тоа? Доволно е да обрнете внимание на неговиот говор на тело за да добиете одговор на ова прашање.

Преку говоорт на телото вашиот партнер можеби веќе ви кажал дека ве сака. Вие само треба да знаете да ги прочитате знаците. Мажите често не се свесни за тоа дека со својот говор на тело ги откриваат своите чувства.

1.Неговите ножни прсти се насочени кон вас
Кога мажот е заљубен во вас, автоматски ќе се намести така што неговите ножни прсти ќе бидат свртени кон вас, без оглед на тоа дали седите, стоите во ресторан или дома. Прстите свртени кон вас се знак дека постои интерес, а стручњаците велат дека се индикатор за малку подлабоки чувства.

2.Ги имитира вашите гестикулации
Кога мажот чувствува блискост, веројатно ќе ги повторува вашите движења. Тоа не е нешто за кое тој размислува, тоа е едноставно несвесно.
Забележете, кога одите еден покрај друг вашите чекори ќе бидат усогласени, во ист миг ќе посегнете по шолјата со кафе…

3.Развива ритуали кои се само ваши
На разделување секогаш ќе ве бакне три пати, секој пат кога ќе се прегрнете ќе ве допре по грбот и така ќе сигнализира крај на прегратката, кога во исто време ќе кажете нешто исто, ќе смисли начин како да го одбележите.. Тие мали, луди ситници ќе ги разберете само вие двајца, а вам можат да ви послужат како доказ дека се грижи и повеќе отколку што признава.

4.Долго ве гледа во очи
Кога ќе сфатите дека со партнерот можете да се гледате долго, но навистина долго во очи и тоа ви годи, сфатете го како знак дека помеѓу вас се развила длабока поврзаност.
Меѓусебното гледање знае да предизвика непријатност, меѓутоа кога е нешто во кое уживате тогаш тоа значи дека помеѓу вас се развила посебна врска.

5.Не му смета да го дели личниот простор со вас
Луѓето кои не се заљубени во секој миг сакаат да имаат одредена количина личен простор. Меѓутоа, кога вашиот партнер е заљубен во вас, односно кога ве засакал, ќе се стегне на каучот покрај вас без нималку размислување, во ресторан ќе сака да седи на истата страна како и вие.. Зошто? Затоа што не му е потребен простор помеѓу вас, сака да ви биде во близина затоа што ве сака.

6.Често се смее
Кога личноста сака, се смее често во друштво на својата партнерка или партнер. Кога ќе воочите дека вашиот партнер се смее повеќе и подолго од вообиаено, или се смее без посебна причина, тоа е затоа што е заљубен човек.

7.Постојано ве допира
Ако не може да ги држи рацете настрана од вас, тој е веројатно доста заљубен. И овде не мислиме само на интимните односи. Ако ја користи секоја прилика да ве држи за рака, погали, или скокотка, тоа се начини на кои сака да ви привлече внимание и всушност ви покажува колку се грижи за вас и без да го каже тоа.