7 совети кои ќе ви помогнат да чувствувате подобро после раскинување

Поминувањето низ тежок и комплициран прекин е едно од најнепосакуваните искуства во сечиј живот.  Претставува голема промена да се живее без личноста која сте ја сакале и која ви била многу блиска.

Но она што ви преостанува кога мислите непрестајно ви течат кон тоа дека болката никогаш нема да си замине е да се свртите својот ум кон опоравување и кон тоа дека и овој период ќе помине. Еве неколку навики кои можат да ви помогнат побрзо да излезете од таа напната, непосакувана ситуација.

Отследете го на социјалните мрежи

Колку повеќе контакт ќе имате со вашиот бивши партнер, толку потешко ќе ви биде да го пуштите. Кога постојано го следите неговиот живот ве исполнува чувството на каење дека веќе не сте дел од него и ве насочува кон надежта и сонот повторно да му се вратите. Прекинувањето е тешко, но еднаш кога ќе прекинете, ќе се чувствувате многу подобро.

Тоа ќе ви ги даде времето и просторот кои ви се потребни да се фокусирате на себе и вашите рани да заздрават отколку постојано да се навраќате во минатото и да се прашувате како поинаку би можело да биде.

Потсетете се себеси зошто се случил прекинот

Она со кое што е најважно да се убедите е дека на овој начин е подобро. Потсетете се што е она кое што ја довело врската до прекин. Размислете колку несреќни би биле ако работите оделе и натаму на истиот начин. Дозволете си да уживате во нештата во кои не сте можеле порано. Бидете среќни сами со себе!

Разговарајте со вашите пријатели и вашето семејство

Едно од најчестите чувства кое доаѓа по раскинувањето е постојаното размислување за тоа дали сте направиле погрешен чекор и каде е тоа што сте можеле да го поправите во вашата врска. Најдобро е да разговарате со вашите најблиски пријатели или вашето семесјтво. Објаснете им во детали што е она што ве доведе до оваа ситуација. Дури и ако тие немаат некој совет кој би можеле да ви го дадат тоа ќе ви помогне да се соочите со вашите чувства и да се потсетите дека она што сте го направиле е правилно.

Дозволете си да заплачете

Уште еден проблем кој се јавува после комплициран прекин е тоа што луѓето се обидуваат да ги потиснат своите емоции. За несреќа, тие потиснати емоции знаат да излезат од вас кога сте во јавност или на места каде што не можете да ги контролирате. Ако треба да плачете и да поминувате мизерно неколку дена, дозволете си го тоа. Многу подобро е кога ќе дозволите тоа да излезе од вас отколку постојано да го потиснувате внатре.

Кажете си дека сакате да сте среќни

Дури и кога се чувствувате како никогаш повеќе да нема да бидете среќни, потсетете се дека среќата е ваша цел. Смеете се и кога не се чувствувате среќно. Преправајте се дека сте среќни се до денот кога веќе нема да морате да го правите тоа. Убедете го својот ум да мисли позитивно и порано или покасно, тој ќе го стори тоа. Се е во тоа да се убедите себеси дека среќата е нешто кое го посакувате и за кое верувате дека ќе го добиете.

Присвојте здрави навики

Кога депресијата ќе ве удри, лесно е да јадете нездрава храна или да не спиете ноќе. Во спротивно на ова, пробајте да создадете рутина во секојдневниот живот. Добар почеток е одењето во кревет во пристојно време секоја вечер со што ќе бидете одморени и подготвени за новиот ден.

Кажете си сами на себе дека заслужувате подобро

Тешко е, особено ако сте биле убедени дека вашиот бивши партнер ви бил сродна душа. Како и да е, секогаш убедете се дека животот оди натаму и дека ќе запознаете некој многу подобар – дури и ако тоа сега ви изгледа невозможно. Ќе најдете некој кој ќе ве сака и почитува на начин каков што заслужувате. Кога еднаш ќе влезете во тој позитивен свет, многу полесно ќе најдете сила да станете и да продолжите со движење.

Не си дозволувајте да поминете многу време со депримирачки мисли. Наспроти тоа. гледајте светло кон иднината и кон сето она што ве очекува таму. Разберете дека постои живот и надвор од вашата поранешна врска.




Коментари

коментари