Категории

7 тајни на паровите кои имаат многу добар сексуален живот

Двојките што успеваат по долго време се уште да имаат возбудлив и страствен секс, се држат до некои правила.

Двата партнера мора да работат на успехот на врската. Ако сакате да го задржите огнот меѓу стабилни рамнини, проучувајте ги карактеристиките на искусни долгогодишни двојки кои имаат навистина добар секс со години!

1. Комуникација

Ако постојано се зборуваш со твојот партнер за проблеми, желби, мисли и идеи, но, исто така, отворено се слушат меѓу себе, тоа е силна основа за добар сексуален живот. Во таква здрава врска, тие автоматски експериментираат повеќе и ги задоволуваат желбите.

2. ,,Те сакам”

Многу е важно да се зборува за чувствата. Ако партнерот знае дека може да му верува на другиот, ништо не може да го спречи релаксираниот секс без никакви опструкции.

3. Нежност по секс 

Милувањето после секс ја подобрува врската, а мозокот ги обработува настаните во креветот како нешто многу позитивно.

4. Самодоверба

Само ако некој се сака самиот сбе, тогаш може да го сака другиот. Ако сте задоволни со својот изглед и личност, не постојат пречки и кочници за страстни игри во креветот.

5 Флексибилност

Колку побрзо ќе се прилагодат еден на друг, толку полесно ќе го дознаат она што другата личност го сака. Емпатијата е многу важна за успешен сексуален живот.

6. Здравје

И двајцата се грижат за меѓусебната исхрана и спортуваат заедно. Здраво и соодветно тело е одлична основа за задоволување на сексуалниот живот – и за двајцата.

7. Топли нозе

Можеби звучи апсурдно, но тоа е факт. Имено, една холандска студија покажа дека жените кои носат чорапи за време на секс – за да немаат студени нозе – ги зголемиле оргазмите за 50-80 проценти.

Прегледи:
335
Објавено на:
02.04.2018