8 години од смртта на Ејми Вајнхаус: Што говореше за животот бунтовничката со неповторлив глас?

Беше еден од најдобрите вокали кои некогаш се појавиле на музичката сцена, а нејзиниот живот згасна прерано. Таа почина пред 8 години во својот дом во Лондон. Музичкиот свет тогаш изгуби еден од најдобрите женски вокали и таленти. Ејми таа кобна вечер имала пет пати повеќе алкохол во крвта отколку што им е дозволено на возачите, поради што следувало застој во дишењето. Официјалната причина за нејзината смрт е труење предизвикано од алкохол.

Ејми ќе остане запамтена по следниве цитати:

„Се заљубувам секој ден. Не во луѓе, туку во ситуации.“

„Мислам дека твојата борба нема врска со твојата големина, туку со тоа колку бес има насобран во тебе.“

„Ако свириш инструмент, стануваш подобар пејач. Колку повеќе свириш, толку подобро ќе пееш, а колку повеќе пееш, подобро ќе свириш.“

„Секоја лоша ситуација чека да биде претворена во блуз песна.“

„Ако не можете да ги расчистите работите сами со себе, никој не може да ви помогне. За некого е добра рехабилитацијата, додека за други не е.“

„Кога сте во близина на деца, можете и вие да бидете дете и да се преправате дека животот е магија и не мора да бидете испотен човек кој секој ден оди на работа.“

„Не би се нарекла феминистка, но едноставно не сакаам девојки кои се прават дека се глупави затоа што така е полесно.“

За потсетување, за смртта на пејачката, најмногу го обвинуваа нејзиниот поранешен сопруг Блејк Фидер кој во едно интервју призна дека е одговорен а вовлекување на поранешната сопруга во светот на дрогата и дека жали поради тоа.

„Секогаш ќе се чувствувам виновен, но не сум веќе подготвен да бидам единствената личност која ја критикуваат. Ејми не правеше ништо што не сака да прави. Секогаш ќе го носам тој терет и денес мислам дека требаше поинаку да се однесувам. Ние бевме заедно шест или седум години со прекини. Нашата врска беше турбулентна, ако може да се нарече така. Имавме едно поголемо прекинување кој беше и медиумски пропратен, но се смиривме. Со години ме прозиваат поради дрогирањето, но вистината е дека ние се дрогираве некои шест месеци во текот на нашиот брак и тоа е тоа. Пред тоа Ејми не се дрогираше, само пушеше марихуана, а јас имав пробано хероин само четири или пет пати“, раскажал тогаш Блејк за едно интервју.




Коментари

коментари