Категории

8 заблуди за Исус Христос кои секој треба да ги знае!

Иако можеби се чини дека оваа тема е до крај исцрпена, постојат многу заблуди за Исус Христос.

1. Датум на раѓање

Спротивно од она што сте го научиле на училиште или во црква, како и во текот на божиќните празници, нема доказ за тоа дека Исус е роден на 25. декември или на 7. јануари. Во Библијата исто така пишува дека постоеле неодреден број мудреци кои гледајќи ја ѕвездата на исток, дошле да му се восхитуваат на Исус. Но, не е споменато дека тие мажи биле кралеви или дека го посетиле Исус кога се родил. Опишано е дека „влегле во куќата“ во која била неговата мајка, а не во шталата во која е роден.

2. Постојат повеќе од 4 евангелија

Иако се евангелијата по Матеј, Марко, Лука и Јован широко прифатени како највлијателни, интересно е дека за животот на Исус се напишани околу шеесетина други евангелија, вклучувајќи ги и оние кои го опишуваат неговиот живот во раната возраст. Тие четири евангелија напишани се помеѓу 70 и 110 година, а она по Марко е најстаро. Останатите три го цитираат, а цитираат и непознат извор под назив „Евангелие Q“. Во текот на раниот христијански период, било вообичаено поединците да се прилагодуваат на сопственото разбирање, така што е возможно на тој начин да настанале останатите евангелија. Четирите евангелија се сметаат за историски најточни, а бројни ученици ја потврдиле нивната историска автентичност кога станува збор за Исусовата крштевка, проповедање и смрт.

3. Не се занимавал со добротворна работа

Исус рекол „Бидете благословени сиромави затоа што е ваше Кралството Господово“ и „благословени се оние кои се гладни бидејќи ќе бидат нахранети“. Но, не е познато колку направил за сиромавите. Во еден момент дал ручек на илјадници кои го слушале, но дали е тоа всушност исто? Постои запис дека предавникот Јуда еднаш го критикувал Исус поради тоа што не им давал доволно на сиромавите. Тоа е можно да се објасни со фактот дека христијаните веруваат во живот по смртта, па можеби поради тоа Исус не се замарал со овоземските потреби.

4. Носел убава облека

Иако честопати го прикажувале како скромен, Исус не живеел потполно аскетски живот. Бил познат по тоа дека носел пари со себе, токму како што е прикажано во сцените на последната вечера. Се верува дека облеката му била изработена од убав материјал, бидејќи по неговата смрт римските војници се бореле за неа.

5. Не бил миротворец

Кога станува збор за ова, постојат конфликтни информаци. Според евангелието на Лука, Исус сам рекол: Мислите дека дојдов да дадам мир на земјата? Ви велам, не, туку одвојување. Уште појасно во евангелието на Матеј: Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да дадам мир, туку меч. Тоа е во спротивност со пророкот Исаја кој напишал: Ни се роди дете и пратен ни е Син и владее на неговите раменици. Неговото име ќе биде Пекрасен, Советник, Бог семоќен, Татко на светот кој доаѓа, Принц на мирот.

6. Исус е светец и во Куранот

Исус Христос е многу пати спомнат и во Куранот како важна света фигура. Не е опишан како Месија, но призната е вредноста на неговото учење и се смета за пратеник на Алах.

7. Имал кратка коса

Никој не знае со сигурност како изгледал Исус, но популарната визија е онаа во која носи сандали и долга коса. За тоа можеби можеме да им заблагодариме на раните христијански уметнички дела кои честопати го опишувале како човек со сини очи и долга коса. Всушност, долгата коса не била честа помеѓу Евреите во окупираниот Ерусалим во времето во кое живеел Исус. Така што, тогаш кратката коса се сметала мажествена, додека долгата женсвена.

8. Всушност не се викал Исус

Еве факт кој поголемиот дел од луѓето не го знаат. Исус бил Евреин по раѓање и вера, и би имало смисла да има хебрејско име. Но, името Исус не е хебрејско ниту арамејско, а тој јазик веројатно го зборувал. Всушност, името Исус е грчка изведена форма од неговото вистинско име. Неговите апостоли кои говореле грчки. можеби не можеле да го изговорат неговото хебрејско име кое било Yehoshua ili Yeshua. Кога ќе се преведе името, станува Јешуа. Интересно е што во Куранот го нарекуваат „Иса“.