Категории

8 знаци на вистинско пријателство: Ако имате вакви пријатели во вашиот живот, вие сте среќни!

Иако со некои свои навики ве доведуваат до лудило, тие се ваши искрени пријатели кои никогаш нема да ве изневерат. Вистинските пријатели се секогаш тука за да ви ја дадат својата безусловна љубов, поддршка и потпора во животот и кога се качувате по скалилото на успехот но и кога доживувате неуспех.

“Вистинските пријатели се како дијамант – светли, убави, скапоцени и секогаш во мода. “, е позната изрека на американската актерка и стилистка Никол Ричи.

Следниве знаци ви откриваат дека сте опкружени со вистински пријатели.

Секогаш се тука кога ви се потребни

Трет пат се преселувате за година и пол, а тие ви помагаат околу преселувањето. По осумдесетти пат разочарано ја повторувате вашата теорија дека мажите и жените едноставно не одат заедно, а тие потврдно ви климаат со главата.

Вистински пријатели се оние кои ќе ви кажат:

“Можеш да ме повикаш во секое време!” Тие се оние кои ќе ви помогнат и ќе ве охрабрат и во најтешките моменти и оние во кои едноставно ќе молчат со вас кога ќе ви биде потребно.

Се чувствувате добро во нивно друштво

Вистинските пријатели ќе бидат со вас и ќе ве прифатат таков каков што сте навистина. За нив секогаш ќе бидете најдобрата личност. Можете и да ја носите и најчудната облека или да изберете партнер каков што вие сакате, ништо нема да се промени.

Имате сличен хумор

Одлично е кога имате заеднички интереси. Но уште подобро е кога имате иста смисла за хумор.

И додека другите се смеат срамежливо – вие не можете да престанете да се смеете гласно кога сте заедно.

Тие внимателно ве слушаат

Не играат со мобилни телефони или не гледаат наоколу додека им зборувате. Ве слушаат внимателно и знаат пријатно да ве изненадат со некоја ситница што неколку месеци предходно сте ја спомнале.

Да, тие го знаат тоа – затоа што внимателно ве слушале. Тие го гледаат најдоброто во вас и ве поттикнуваат да го покажете тоа.

Ви делат комплименти

Ви кажуваат работи како, „Ти тоа најдобро го знаеш!“ – и навистина го мислат тоа. Понекогаш кажуваат и работи после кои искрено се запрашувате дали навистина сте толку добри, но за својот искрен пријател вие сте навистина таков.

Тие се лојални

Вие не сте се виделе 25 години – но на првата средба, како да сте се разделиле вчера. Иако не живеете во истиот град веќе долго време, но кога ќе се слушнете на телефон, се чувствувате блиски како и секогаш.

Ви кажуваат сè во лице

Тие ве поддржуваат, но ќе ви кажат јасно и гласно ако направите грешка. Нема да го задржат своето мислење за да бидат љубезни. Ве третираат како возрасен и веруваат дека може да се справите со туѓото мислење – иако е различно од вашето.

Тие се искрени, но нема да ве навредат. Често поставуваат прашања за да можат да ви помогнат. Понекогаш тие се немилосрдни, но само затоа што искрено ве сакаат.