86-годишен маж научил да плете и создал повеќе од 3.000 капчиња за предвремено родени бебиња!

86-годишниот Ед Моусли е доказ дека никогаш не е доцна да научите нов занает – особено ако станува збор за благородна цел.

Тој живее во дом за стари лица во Акворн и кога локалната заедница започнала иницијатива за изработка на рекорден број плетени капи за предвреме родени бебиња во болницата Нортсајд во Атланта ја прифатил идејата со задоволство. Тој напоменал дека никогаш претходно во животот не плетел. Сметале дека тоа е одлична активност за постар човек.

Покрај неговата битка со ракот, Моусли научил да плете за само 4 денови. Најпрво, потребни му биле четири часови да сплете капче за бебе. Понатаму, тој успеал да се усоврши и да го намали времето на изработка на само час до час и половина додека гледа телевизија или пак муабети со некој пријател.

За само неколку недели, Моусли создал 55 капчиња за предвреме родени бебиња. За краток период, му се придружиле и други луѓе и заедно создале 300 капчиња.

Сите капчиња биле испратени во болницата Northwise, точно пред доаѓањето на Меѓународниот ден на предвремено родени бебиња. Прекрасно е чувството да се знае дека толку многу луѓе се грижат за овие бебиња. Родителите исто така биле воодушевени.

Моусли се надева дека ќе остане во домот и ќе продолжи да плете и да испраќа барем 30 нови капчиња во болницата секој месец.




Коментари

коментари