Категории

89-годишна баба со силна порака: „Не дозволувајте осаменоста да управува со вас!“

Да дозволите осаменоста да превземе контрола во било кое раздобје во животот е еднакво на злосторство – порачува Марион.

Марион Бетон (83) е една од девет миони Британци кои ги чувствуваат последиците од осаменоста, но оваа вдовица одлучила да стави крај на тоа.

„Неодамна се вратив во својот дом после дружењето со својот внук Феликс и седнав во својата фотелја уморна но среќна. Меѓутоа, што подолго седев, празнината на мојот дом стануваше се поочигледна и тоа почна да ме нагризува. Ми недостигаше мојот покоен сопруг Хари кој почина пред три години. Заедно поминавме повеќе од половина век.“ , раскажува Марион за Daily Mail.

„Како човек кому му ја ампутираат раката и има чувство како раката сеуште да е тука, така и јас го чувствувам присуството на Хари, но разговарајќи сами со себе во четири зидови можете само да почнете да го преиспитувате својот здрав разум. Сега, наместо да се сожалувам самата себеси, се фокусирам на сето она кое го чувствувам додека сум во друштво на моето семејство. Кога останувам сама ќе земам некоја интересна книга и ќе се задлабочам во нејзините страници.“, вели Бетон која и самата е писател.

Сите во себе поседуваме моќ.

„Одеднаш, самотијата станува драгоцено време за размислување, во позитивна смисла. Благодарна сум на Бог што сум способна тоа да го направам – да ја освестам самотијата во својата глава и да не дозволам да завладее со мене. Тоа е вештина која овозможува животот да ми биде исполнет и значаен, без оглед на тоа колку време во денот поминувам сама. Гледајте, јас одбивам да бидам стереотип на осамена старица. А зошто да бидам? Кога ќе ги вратам своите сеќавања назад, имав богат и интересен живот, ани сега не се чувствувам многу поинаку. Се чувствувам како 20 годишна. Изгледам старо, но не сум помалку човек поради тоа“, смета Марион.

„Секако морам да го прифатам фактот дека сум веќе во ред пред Божјите врати. Избрав и старечки дом во кој планирам да одат кога ќе дојде време. Не сакам на никому да му бидам на терет освен на професионалци кои се платени за тоа. Сакам да го задржам своето достоинство до крајот, моите сакани да ме гледаат акко личноста која што сум, а не како беспомошно нешто за кое треба да се грижат. Какви и да се околностите, сметам дека сите имаме моќ во себе да ја надминете осаменоста.“

Прегледи:
246
Објавено на:
06.06.2020