9 неверојатни факти за мобилните телефони

  1. Првиот мобилен телефон бил MOTOROLA Dyna TAC 8000X

Првиот мобилен бил измислен во 1983 година од Мартин Копер, можел да содржи до 30 контакти и тежел околу 1,1 килограми и можело да се разговара околу 30 минути. Колку чинел? Скромни 3,999 долари.

2.  Првиот повик со мобилен телефон бил направен на 3ти Април 1973 година

Повикот го направил Мартин Копер, а му се јавил на д-р Џоел С. Енгел.

3. Првиот паметен телефон бил направен од IBM

Првиот паметен телефон бил направен пред повеќе од 20 години, излегол на 16ти Август 1994 година. Го носел името Angler, имал екран кој работел на допир и имал календар, калкулатор, адресна листа и нот пад.

4. 90% од мобилните телефони во Јапонија се водоотпорни

По се изгледа јапонците сакаат да зборат на телефон додека се тушираат.

5. Apple продале 37,04 милиони ајфони во 2012 година

Продажбата била остварена во 14 недели, односно 262 телефони во минута или 4 телефони во секунда.

6. Најскапиот телефон во светот е на Apple и чини 15,3 милиони долари

7.  Повеќе од 80% од светската популација која користи мобилни телефони, има Android телефон

Иако Ајфон се смета за „крал на смартфоните“ сепак најголемиот дел од светот користи телефони со Андроид оперативен систем.

8. Највисоката сметка во историјата на мобилните телефони е 201,000 долари

Ваква сметка и пристигнала на Celina Aarons, која имала два глувонеми браќа кои меѓусебно комуницирале преку пораки. Заради тоа таа имала соодветен пакет согласно кој добивале нормални сметки, но на едно патување во Канада, едниот брат пратил преку 2,000 текстуални пораки и симнувал видеа, чија цена била околу 2,000 долари по видео.

 

9. 65% корисниците на паметни телефони не симнуваат апликации

Иако 2,8 милијарди луѓе користат паметни телефони, еден извештај вели дека само 35% од нив симнуваат барем една апликација во месецот.




Коментари

[fbcomments]