Последната фотографија на Ана Ивановиќ повторно ја поттикна приказната дека екс тенисерката е во “блажена состојба”.
Сопругата на Бастијан Швајнштајгер посети една гинеколошка ординација, а лекарот ја искористил можноста да се слика со неа.
Ана Ивановиќ и НЗ. Среќен Бадник – напишал гинеклогот Небојша Зечевиќ.
Ако е така, нека е со среќа, инаку да потсетиме Ана пред девет дена ја објави веста дека се повлекува од тениските терени, а причината за пензионирањето не ја образложи.