За топлата сезона, брендот GUESS ја претстави својата колекција аксесоари снимени на брегот на прекрасниот Малибу. Главниот креативен дикрекор Paul Marciano уште еднаш ја отелотвори софистицираната уметност препознатлива за брендот заедно со фотографот Christiano Ferretti. Колекцијата изобилува со забавен асортиман на ташни во класични дизајни и такви со забавни принтови. Колекцијата вклучува и широк избор на елегантни обувки и едноставни патики и еспадрили.