Додека ја чекаме премиерата на првиот македонски мјузикл „Тајно моја“ посветен на легендарниот Тоше Проески, Македонската опера и балет ни претставува само дел од магијата која ќе се одвива во овој мјузикл преку новото видео.
Главната улога во мјузикот ќе им припадне на Антонија Гиговска и Денис Димоски кои беа избрани како победници на “Кастинг талент шоуто“.
И покрај тоа, што беа прогласени победниците, жирито одлучи сите деветмина учесници, кои синоќа се појавија на сцената да добијат шанса да се појават на мјузиклот, чија промоција е закажана за 10-ти март а билетите се веќе распродадени поради што е закажана уште една претстава на 21 март и картите се веќе во продажба.