Научниците од Универзитетот на Валенсија проценуваат колку време им е потребно на луѓето во Шпанија да се изложуваат на сонце за да ја добијат потребната дневна доза на витамин D, објави Дејли мејл.
Просечниот човек – со кожа тип III, во Валенсија не треба да се изложува на директна сончева светлина повеќе од 29 минути во јули.
Во јануари, сепак за истиот тип на кожа се потребни 150 минути дневно за синтетизирање на потребното количество витамин D. Затоа во зима и есен овој витамин се набавува главно со храната.
Витамин D има во црниот дроб, јајца, црвеното месо и мрсната риба. Сите кои не јадат доволно од овие храна е добро да набават витамин D со додатоци во исхраната. Овој витамин е многу важен за цврстината на коските, забите и мускулите. Таа го заштитува и од инфекции на дишните патишта и грип.