Познати се полуфиналните двојки во англискиот ФА куп, во кој пласман изборија екипите кои се наоѓаат меѓу првите пет на табелата во Премиерлигата.
Полуфиналните натпревари и финалето во ФА купот се играат на Вембли, а ѓрепката го спои лондоските ривали Челзи и Тотенхем во првото полуфинале, односно Арсенал и Манчестер Сити во второто.
Претходно во четвртфиналето Тотенхем и Арсенал рутински ги совладаа Милвол (6:0), односно Линколн (5:0), а Сити немаше проблеми со Мидслброу (2:0). Челзи пак воп дербито со 1:0 го елиминира Манчестер Јунајтед.
Полуфиналните дуели се на Вембли на 22.април, а финалето е на 27.мај.
Извор : Макфакс