Станува збор за Шеика Мозах (Нејзиното Височество Шеика Мозах бинт Насер Ал Миснед), жена на поранешниот емир на Катар. Нејзиното име е познато ширум светот, а има и причина за тоа.
Таа се смета за моќта која се крие позади тронот на Катар. Таа ја воведе модернизацијата и подобрувањето на дипломатските односи со Западот. Таа дури има и своја Инстаграм страница, каде редовно објавува мноштво слики на кои се восхитуваат жените со добар вкус и стил.
Шеика Мозах е првата дама на Катар и се смета за една од најмоќните жени од Средниот Исток во последните неколку години според списанието Forbes. Нејзиното Височество има голем удел со нејзините активности во UNESCO, правејќи ја едукацијата подостапна за сите луѓе ширум светот.
Наспроти многуте типични сопруги од Кралството во Арапскиот свет, Шеика Мозах речиси секогаш го придружува својот сопруг за време на официјалните посети во други држави.