Една од древните благодети за убава здрава кожа која била користена уште во минатото е белата глина медицински наречена Каолин. Таа потекнува од централна Азија од планината по која го добила и самото име а ден денес е позната по своите чудотворни дејства. Таа е богата со калциум, магнезиум и бројни природни минерали кои се клучни за здравиот изглед на кожата. Белата глина е наменета за исклучително осетлива кожа, таа е доста прочистена и има голема примена во фармацијата. Исто така едно од најпознатите бенефиции на белата глина е тоа што ја подмладува и затегнува кожата и таа е една од главните тајни поради кои азиските жени секогаш изгледаат младо и негувано без разлика на своите години..
Начин на припрема на маска од бела глина:
Во дрвен или пластичен сад (никако метален) измешајте 1-2 лажици глина со малку вода, исто така е важно мешалицата не смее да биде метална. По желба додадете некое хербално масло кое одговара на вашиот тип на кожа. Смесата припремајте ја непосредно пред нанесување и не ја оставајте да стои во садот предолго.
Маската нанесувајте ја на добро исчистено лице, се препорачува после туширање затоа што тогаш сите пори на кожата се отворени и маската може да делува најмногу. Оставете 15 минути па исплакнете го лицето со млака вода а притоа не користете никакви сапуни ни гелови за миење лицето. Не се препорачува да се нанесуваат креми ни на лицето ни откако ќе ја отстраните маската, оставете ја кожата да дише и ќе се уверите во нејзината чудотворност.