Модната куќа Rodarte ја претстави пролетната колекција за 2018 на Неделата на високата мода во Париз. Динамичното дуо Kate и Laura Mulleavy создадоа колекција која ја дефинира деликатната убавина, цветни круни инспирирани од самовилите од фантазиите, и тоалети со цветни детали кои се истовремено и романтични и гламурозни..
Секој цветен детал покрај тоа што доминираше на тоалетите, исто така беше присутен и на превезите кои моделите ги носеа околу рамената, а исто така и кај аксесоарите за коса во вид на цветни круни. Сетот беше претворен како вистинска волшебна шума налик на онаа од ‘Алиса во Земјата на чудата’ што и не е неочекувано судејќи според секогаш авангардниот и необичен стил кој брендот го негува..