Категории

ELIE SAAB: Колекција од високата мода за кралиците-хероини

Либанскиот дизајнер како и секогаш повторно ја магепса својата публика со заслепувачки раскош и гламур преточен во новата колекција од високата мода за есен 2017. Инспириран од средновековието и кралиците-борци, како и што гласеше самиот наслов на колекцијата “Приказна за паднатите кралеви” создаде уште една моќно шоу во кое царува феминизмот. Овој пат доминираа кралските бои како црвена, сина и смарагдно зелена кои “шепотеа” скриена инспирација од актуелната серија-феномен “Game of Thrones”. Сите креации од колекцијата проследете ги во галеријата подолу..

Прегледи:
633
Објавено на:
09.07.2017