За есенската couture колекција Giabattista Valli претстави ексклузивни парчиња богати со сложени детали, везови кои совршено се вклопуваат со цветната чипка а покрај ‘коктел’ фустаните создаде и раскошни романтични тоалети од тул и шифон.
На ревијата присуствуваа бројни познати ѕвезди од светот на музиката и филмот кои беа импресионирани од божествената колекција на дизајнерот а меѓу нив беше една од неговите најголеми обожавателки – Селин Дион која не можеше да го сокрие своето одушевување па весело скокаше и ракоплескаше на крајот од шоуто.