Музичката дива Селин Дион беше една од најдобро облечените гостинки на неделата на високата мода во Париз, па својот беспрекорен стилски поход го продолжи и на париските улици откако вчера беше забележана во елегантна бела комбинација од глава до пети која доста наликуваше на онаа која нејзината колешка Лејди Гага ја носеше на доделувањето на Американските музички награди во ноември минатата година.
Целосно белиот комплет од панталони и кошула го надополни со долга бела наметка, бела ташна и голем гламурозен шешир и очила за сонце.