Доколку го сакате спојот од лежерното и удобното тогаш овој тренд е дефинитивно за вас.
Се започна од slip фустаните кои наликуваат на ноќници и дел од долната облека, а овој тренд ја продолжи манијата на носење на облеката од спалната соба во јавност. Денес оделата од кошули и панталони во oversized стил даваат посебен софистициран и елегантен изглед. Но овој стил не мора да се состои од дводелен комплет, така на пример многу модни трендсетерки носат пижама-кошули во комбинација со фармерки и здолништа. Во галеријата ви донесуваме неколку модни комбинации кои ќе ви помогнат како да да го носите овој актуелен тренд,