Категории

4 модни правила кои никако не смеете да ги прекршите

Кога е во прашање модата поголемиот дел од модните правила смеете (и морате) да ги прекршите со цел а ослободите терен за испробување на нешто ново, необично, за експериментирање и пронаошање на сопствениот стил, ескпресија на моменталните чувства и расположение преку модните комбинации.

 

Но постојат 4 класични правила кои морате да ги почитувате без обзир на се, доколку сакате да оставите впечаток на стилска дама. Најважно е кога ја бирате облеката во неа да се чувствувате удобно, самоуверено и безгрижно, тоа значи секогаш кога ќе излезете од дома да не мора постојано да ја поправате и местите и да се огледувате во огледало дали се стои на место.

1. Не откривајте премногу одеднаш
Старото правило гласи ако ги откривате нозете тогаш сокријте го деколтето или обратно. Доколку сакате да ставите акцент или на грбот или на деколтето тогаш избегнувајте мини здолниште или кратки панталони. Стилскиот изглед полесно ќе го постигнете доколку направите баланс помеѓу нив две.

2.Внимавајте на должината на облеката
Колку кратко е прекратко зависи од тоа како се чувствувате. Но доколку вашиот мини фустан или здолниште морате постојано да го спуштате надолу и да се грижите дали нешто ви наѕира, тогаш тоа дефинитивно е премногу кратко. Важно е тоа што го носите да и биде удобно и да ви прилега на вашата силуета.

3.Облека кои ви стои како “лиена”
Колку и да изгледа добро на излогот, никогаш не купувајте облека која е премногу широка или премногу тесна. Не постои ништо поубаво од облека која изгледа како да е кроена за вас и одговара на вашиот облик на тело. Бирајте внимателно.

4.Чувствувајте се удобно во она што го носите
Сите сакаме да ги следиме трендовите не се изгледа така добро на нас како кога тоа го носат познатите. Носете проверени парчиња во кои знаете дека изгледате убаво и ништо не ги истакнува вашите недостатоци кои сакате да ги сокриете. Најважно е да се чувствувате убаво!

Прегледи:
396
Објавено на:
07.09.2017