Оваа година се одбележува 20-годишнината од смртта на дизајнерот Џани Версаче. Неговата сестра наследничка, Донатела Версаче приреди специјална ревија на која ја претстави пролетната колекција за 2018 година насловена како “Гениј, икона, брат” инспирирајќи се од неговите креации помеѓу ’91 и ’95 година.
Таа се фокусира на неговиот живот и неговата визија а не на трагичната смрт, за прв пат создавајќи колекција која ги вклучува омилените принтови и материјали од архивите на Џани.
Погледнете како изгледаа модерната throwback колекција во чест на познатиот дизајнер.