Џиџи Хадид веќе одамна заплива во дизајнерските води, после претставувањето на својата трета сезонска колекција во соработка со дизајнерот Томи Хилфигер, познатиот модел се најде и како креатор на накит за брендот Messika.
Колекцијата се состои од дијамантски парчиња како обетки, огрлици и прстени изработени од бело и жолто злато. На официјалната промоција која се одржа во Париз – вчера, Џиџи заблеска во долга елегантна бела тоалета а целосниот изглед го заокружи со дијамантската огрлица од нејзината колекција.