Категории

Забавна и опуштена пролетна колекција на Chloe со доза на boho стил

Наташа Ремзи Леви ја претстави својата прва колекција за модната куќа Chloe. Фокусот на колекцијата е се она што прави жената да се чувствува удобно и среќно. Првото чувство кое го остави оваа колекција е дека модата нема да ја промени жената туку нејзиниот стандард.

Генерално пролетната колекција за идната сезона 2018 има младешки и опуштен изглед, дизајните кои Наташа ги креира се кул, шик и во себе содржат boho вибрации додека во целокупниот асортиман преовладуваат неутрални мирни тонови и нијанси. Претставени се лесни лепршави фустани, комбинезони со цветен принт, инспирирани од ’60-тите, ’70-тите и ’80-тите години од работага на познатиот Карл Лагерфилд.

За оваа колекција многумина изјавија дека е вистинско освежување кога се работи за опуштениот дневен женствен стил за разлика од останатите брендови кои овој месец претставија далеку по гламурозни и red carpet-ски колекции.

Прегледи:
598
Објавено на:
01.10.2017