Категории

Откачениот и супер кул стил на Кристен Стујарт

Кристен Стујарт се смета за една од најголемите модни бунтовнички во Холивуд, а за тоа постојат бројни докази.

Сме ја виделе босонога на премиери и прес конференции, валкани патики во комбинација со гламурозни тоалети од високата мода на Chanel па дури и тоалети исечени со ножици.

Таа дефинитивно не е голем обожавател на високи потпетици но храбро чекори во нив кога е неизбежно а сето тоа доведува Кристен да е една од најзабавните познати дами чие секое јавно излагање се следи со будно око.

Во галеријата ви презентираме едни од најдобрите стилски изданија на познатата актерка.

Прегледи:
329
Објавено на:
26.10.2017