Категории

Селена Гомез и PUMA ја претставија колекцијата патики “Phenom”

По само два месеци од склучувањето на официјалната соработка помеѓу Селена Гомез и PUMA, тие ја претставија новата колекција патики именувана како Phenom.

„Овие впечатливи патики се креирани за силната жена која сака да биде забележана. Затоа новата амбасадорка на нашиот бренд, Селена совршено се вклопува во нивниот имиџ. Како жена која се занимава со повеќе работи одеднаш и води динамичен живот, потребна и е енергија за напорните тренинзи, а Phenom се изработени специјално за тоа“, изјавија претставниците од брендот.

Новата колекција доаѓа во три бои, црна, маслинесто зелена и розова. Естетиката е изразито модерна и футуристичка. Тие се достапни на официјалниот сајт на брендот PUMA по цена од 90 долари.

 

 

Прегледи:
398
Објавено на:
24.11.2017