Златната боја совршено се вклопува во празничната сезона кога се е блескаво и весело, а како хит тренд оваа зима ги имаме златните чевли кои ќе го надополнат вашиот стајлинг.
Било да изберете фустан или фармерки тие изгледаат софистицирано и шик. За класичен стајлинг тука се златните шпиц салонки или сандали, додека поопуштена кул варијанта ќе постигнете со кратките чизми на дебела пета.