Категории

Ријана со два кожни стајлинзи во еден ден

Музичката ѕвезда која е позната по својот провокативен и екстравагантен стил, повторно изненади со изборот на комбинации.

На мини празничниот концерт кој се одржа во Калифорнија, Ријана избра целосно бел стајлинг – кожна јакна од брендот Calvin Klein, блуза и здолниште од дизајнерот Tom Ford, и високи кожни бели чизми над колена. Целокупниот изглед го закружи со очила за сонце од Gentle Monster и накит од Chopard.

Вечерта пеачката како голем фан на раперот Џеј Зи присуствуваше на неговиот концерт а за настанот избра целосно црн кожен стајлинг. Фустанот со потпис на модната куќа Dior го искомбинира со црн кожен капут и сандали од Giuseppe Zanotti.

Прегледи:
376
Објавено на:
24.12.2017