Серена Вилијамс заедно со ќеркичката и сопругот Алексис Оханијан снимиja фотосесија за новото издание на „Vogue“.
Во интервјуто за списанието, успешната тенисерка се отвори за мајчинството и компликациите кои ги имала за време и по породувањето.
Серена изјавила дека нејзината ќерка се родила со итен царски рез. Во моментот кога малото бебенце и го ставиле на градите, Серена изјави дека тоа било најубавото чувство. Но, после тоа, за жал, се тргнало наопаку.
За жал, само еден ден по породувањето, Вилијамс започнала да губи здив како последица на белодробна емболија. Поради тоа, таа веднаш побарала од медицинскиот тим да направи преглед со компјутерска томографија со контраст. Резултатите покажале дека имала неколку мали тромбови, па веднаш добила соодветни лекови. Но, поради интензивното кашлање од белодробната емболија, раната од царскиот рез се отворила, а откако се вратила на операција, докторите откриле дека голем хематом се разлеал во нејзиниот стомак. Славната тенисерка ја напуштила болницата една недела по породувањето.
Иако во првите недели од мајчинството таа била „врзана“ за кревет, сепак голема помош од сопругот Алексис Оханијан и од мајка си Орасин. Сега, фала му на Бога, Серена се чувствува одлично и ужива со нејзината мала слатка ќеркичка.