Колумбијката има адвокати кои се специјализирани во вакви случаи и тврдат дека не е крива, затоа што во Шпанија била помалку од 183 денови.
Шпанската даночна служба се сомнева дека пејачката Шакира (40) префрлала повеќе милиони долари на сметка на Малта, а нејзиното име се појавило во аферата “Рајски лист” со бројни познати личности како што се кралицата Елизабета Втора, Луис Хамилтон возачот на Формула 1 и Мадона. Тие веруваат дека на тој начин успеала да избегне плаќање данок и и се заканува можност за затворска казна.
Живеела во Шпанија од 2011 до 2014 година и требалo да плати данок за целокупната заработка од концертите низ светот, а не само од настапите во оваа земја – објаснува даночниот инспектор. Додава дека се обратиле на властите и барале од нив подетално да ги истражат финансиите на пејачката. Доколку тие се сложат со тврдењето дека Шакира направила прекршок, ќе подигнат тужба против неа. Пријателите на Колумбијката велат дека е во паника и дека никогаш намерно не избегнувала плаќање на данок.
Секогаш се придржувала кон сите закони и ги исполнувала своите должности кон Шпанија. Ова е само погрешна проценка, а не обид за проневера. Бидејќи се работи за голема сума на пари, постои можност Шакира да ја „плати“ својата грешка со затворска казна. Пејачката веќе ангажирала адвокати кои се експерти во ова поле.
– Ќе се брани со законот кој тврди дека доколку жителот на Шпанија е помалку од 183 денови во државата, не мора да плаќа данок на парите кои ги заработил секаде низ светот – открива пријател на Колумбијката. Пејачката сеуште не се огласила во јавноста по повод оваа афера.