Категории

Шанел со ревија сместена во магична шума ја претстави смелата колекција есен/зима 2018/19

Модниот месец полека завршува, а се завршува со секогаш инспиративното шоу на Шанел. Па така на 6-ти март во Париз се одржа ревијата на која беше претставена колекцијата есен/зима 2018/2019. 

Сетот наместен во забранетата шума, со гранки и ливчиња, а колекцијата исполнета со мрачен вајб, тонови на скапоцени камења до топла розова и електрична сина, делумно раскошни моменти и слоевит накит.

Твид плетки во комбинација со металик чизми, кои со сигурност ќе бидат на нозете на сите во модниот свет наредната есен. 

Всушност, пригушените металик нијанси беа присутни во целата колекција, прикажани во темно златни или зелени нијанси.

Електричните нијанси беа дефинитивно во игра, со светли сини парчиња – како овој прекрасен комплет, со сигурно ја враќа колоритноста оваа есен. 

Трикови во стилизирањето кои може да ги изведе само Шанел, беа присутни во речиси секој изглед, комбинации на кои ретко кои би се осмелил, но затоа токму овие шоуа се движечката сила во модната индустрија. 

Прегледи:
478
Објавено на:
07.03.2018