Категории

Прекрасната Гал Гадот е новиот амбасадор на Рибок

Гал Гадот се чини дека може да се види каде и да се свртиме.

Беше презентер на Златните Глобуси, ја однесе титулата за најголема заработувачка како актерка за 2017 година и го потпиша нејзинот прв голем договор за убавина со Ревлон.

Сега ѕвездата на Wonder Woman се придружи на семејството на спортскиот бренд Рибок.

Џиџи Хадид и Викторија Бекам се дел од Рибок, а новата улога на Гадот ќе биде да инспирира млади жени преку фитнесот да станат подобра верзија од себе си, физички и психички.

„Многу сум возбудена за партнерството со Рибок. Заедно ќе ја најдеме забавата во фитнесот и силата во спортот! Дами, да играме!“ напиша Гадот на инстаграм.

Пораснала со мајка која била наставник по физичко, па отсекогаш ја знаела важноста на спортот во животот, а се надева дека на луѓето ќе им ја пренесе моќта која ја има фитнесот.

 

Прегледи:
467
Објавено на:
17.03.2018