Категории

7 начини за да се ослободите од професионалниот стрес

Секој втор вработен страда од професионален стрес, а повеќе од 70 проценти сметаат дека тоа има директни здравствени последици, велат научниците.

Психолозите тврдат дека во такви ситуации неопходно е да се промениме самите себе си, нашиот однос кон работата и животната средина, а не да се обидуваме да ги промениме другите.

Како може неколку ,,паметни потези” да го надминат професионалниот стрес?

  1. Соочете се со стресот

Прво мора да го откриете стресот, неговите причини, но и можностите да се ослободите од него. Најважно е дека сте свесни дека имате проблем и дека сакате да се реши, а не да тврдоглаво да го избегнувате.

  1. Збогум на ирационалните очекувања

Секој човек има граници на издржливост. Заборавете дека вие, или некој друг, може да сторите сé аовршено и на време. Дефинирајте ги приоритетите и посветете им се.

  1. Научете како да кажете ,,не”

Шефовите ги сакаат оние на кои што можат да сметаат во секој момент. Ако секогаш, секогаш ги прифаќате сите задачи, вашиот шеф ќе знае дека не можете да го одбиете. Ако за вашиот труд сте соодветно платени и наградени, мотивите се оправдани, но ако колегите од соседната работна маса не прави ништо, и има повисока плата и подобар однос надредените, тогаш е време да се промени нешто.

  1. Покажете го вашиот став

Ако понекогаш се осмелувавте да кажете ,,не”, сте покажале дека имате став. Вработените кои не се осмелуваат да се противречат, да се борат за своите идеи и да размислуваат гласно, работодавачот нема да ги цени како работници.

 

  1. Добра организација

Истраќувањата велат дека три четвртини од работно активните луѓе работат прекувремено или за викенди. Но, факт е дека многу вработени губат премногу време на работа за непотребни работи и не можат да се организираат. На пример, не започнувајте со нова работа додека не ги завршите старите, бидејќи лесно може да влезете во хаос.

  1. Заборавете на самообвинувањето

Тоа што цела недела останувате подолго на работа, не значи дека треба да се чувствувате виновни за вашето семејство, пријателите или себе. Повторно сте го одложиле излегувањето кое одамна им го ветивте на вашите пријатели, не можете да одите на пилатес… се е тоа во ред.

  1. Зачувајте го вашиот приватен живот

Можеби сега ви изгледа идеално да уживате во слободата и да го посветувате она малку слободно време само на себе, на вашите потреби и желби. Немате време за семејството и обврските кои самото ги носи… Но, замислете ситуација: ќе добиете унапредување, по пристигнувањето во вашиот луксузен стан , ќе ја повикате вашата единствена пријателка, која не може да дојде бидејќи детето и има температура .. секој треба да има свој живот. Затоа каков и да било успех да сте постигнале, тоа не е ништо ако нема со кој да го споделите.

Прегледи:
586
Објавено на:
19.03.2018