Категории

Велигденски обичаи: Еве што треба да направите кога ќе станете од спиење!

Утре е најсреќниот христијански празник, воскресението Христово – Велигден. Наутро кога ќе се разбудите еве што треба да направите:

 

Треба да станете рано, а не би требало да легнете рано, т.е пред полноќ. Ако заспиете пред полноќ, се верува дека цела година до следниот Велигден ќе бидете поспани.

• Наутро треба да се измиеме со вода во која е потопен дрен, здравец, босилек и црвено Велигденско
јајце;
• Децата треба да се допрат со црвено јајце, да бидат црвени и здрави во текот на годината;
• Прво се омрсуваме со Велигденско јајце;
• На Велигден рано наутро луѓето оделе во црква на утринска миса; во Русија било обичај ако некој се успие и не дојде на миса во црква, одат по него, го полеваат со вода, или го фрлаат во река. Во 17 век, Синодот на Руската црква со посебен указ го забрани спроведувањето на овој обичај, кој доведувал и до смртни случаи кај луѓето. По ручекот луѓето се собирале кај Црквата, а ако во селото немало црква, под свето дрво;


• Во некои села на јужен Банат, Бачка и Срем, по улиците каде поминувала Литијата палеле оган, или свеќи во прозорците. Оган за Велигден обавезно палеле католиците;
• Ако Велигден се падне пред Ѓурѓовден, не се јадело јагнешко месо;
• За Велигден се меси посебен леб. Во источна Србија и некои делови на Војводина се печат лепињи со цело јајце внатре, кои меѓусебно се разменуваат со пријателите;
• На ден Велигден се кријат јајцата и колачите низ дворот и куќата, па децата ги бараат скриените
дарови;

• На вториот ден на Велигден, кој се вика Побусани понеделник, се оди на гробишта и на секој гроб се остава по едно црвено јајце, починатите да уживаат во воскресението на Исус Христос. Овој ден се нарекува и Воден понеделник, бидејќи тогаш момчињата и младите луѓе ги полеваат со вода девојките и младите жени. На овој понеделник треба да се остави скршено велигденско јајце во нивата, за таа да биде плодна. А се дава и велигденско јајце на стоката да го изеде, да биде здрава цела година. На ден Велигден се кршиме со јајца. Јајцата прво се кршат врв со врв, а потоа од обратната страна. Тој кој ќе скрши туѓо јајце го зема за себе. Инаку, во Банат велигденските јајца не се давани на овчарите, свињарите, за да не боледува стоката во текот на годината.

Прегледи:
921
Објавено на:
07.04.2018