Категории

ВЕЖБИ СО КОИ ЌЕ СОГОРИТЕ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА КАЛОРИИ

Ако посветувате некој дел од денот за вежбање, ќе сакате да знаете дека вежбањето  е вредно за вашето време, нели? Некои луѓе велат дека кардио вежбите се најдобри за согорување на калории, но други дека во кревањето тегови е трикот, па која е вистината?

„Вистина е дека трошиме повеќе калории во моментот додека на пример трчаме, отколку кога креваме тегови“ вели Лаура Миранда, доктор за физикална терапија, специјалист за фитнес и нутриционизам, како и лиценциран личен тренер, „но вежбите со тегови поттикнуваат да трошите калории со часови или денови после вежбањето. Причината за тоа е што колку е погоем интензитетот на вежбата, толку повеќе кислород ќе му треба на телото после вежбата за да ги обнови мускулите“, објаснува Миранда. !Мускулот е најмногу метаболички активно ткиво, па колку повеќе го имаме, толку поефективно ќе биде согорувањето на калории во текот на денот“.

Па кои се дел од вежбите со кои ќе потрошите најмногу калории ?

1. Скокање на јаже

2. Трчање по скали или на планина

3. Кикбокс

4. Возење на стационарен точак со додавање на интервали со јак интензитет

5. Трчање

6. Вежбање со тегови

7. Елиптични справи

8. Power yoga

Прегледи:
1391
Објавено на:
18.07.2018