Овие филмови доколку сте ги гледале сигурно ги сакате, но дали знаете дека се основани на вистински приказни? Животот ги пишува најубавите романи и создава филмски љубовни заплети…
The Theory of Everything (2014)
Филмот за познатиот астрофизичар Стивен Хокинг и неговата љубов. Двајца луѓе проаѓаат низ огромни проблеми со помош од љубовта. Филмот заснован на мемоарите на Џејн Хокинг „Патување до бесконечноста – Мојот живот со Стивен“. Стивен на 21. година дознава дека боледува од болест на моторниот неврон која ќе предизвика лимитирани движења и говор и ќе му го одземе животот за две години. Неговата љубов од студентските денови не го напушта без обзир на околностите. И додека неговото тело се соочувало со ограничувања, неговиот ум продолжил да ги истражува крајните граници на теориите во физиката. Ова е преубава приказна за вистинската љубов која е за цел живот. Стивен и Џејн им пркосат на невозможните шанси и граници.
The Vow (2012)
Новопечениот брачен пар доживува сообраќајна несреќа во која млада жена завршува во кома. По будењето со сериозно губење на помнењето, нејзиниот маж се обидува повторно да го освои нејзиното срце. Водејќи се по заветот „Додека смртта не нѐ раздели“, Лео ќе даде сѐ од себе да ја зачува жената која ја сака.
The Edge of Love (2008)
Оваа интересна приказна го истражува боемскиот подземен свет во Лондон за време на војната и сложените приказни на два парови чии животи и љубов стануваат сериозно испреплетени. Ова ељубовна драма на Џон Мејбури за велшкиот поет Дилан Томас и неговиот љубовен триаголник.
Becoming Jane (2007)
Џејн Остин отсекогаш сакала да се омажи од љубов, но нејзините родители не и дозволувале. Биле презафатени барајќи соодветен маж за Џејн за да го обезбедат социјалниот статус и сѐ она што го носат парите, влијанието и моќта. Ова е приказна за љубовта, романтиката, интригите и должноста, која ги опфаќа парите, семејството и пријателството.
The Notebook (2004)
Приказна за љубовта за цел живот, од младоста до последниот ден. Трогателна приказна за тоа како една љубов поминува низ различни искушенија како што се војна, болест, љубомора… Во овој филм сигурно ќе заплакате, а со обзир на тоа дека се наоѓа на листата на љубовни филмови според вистински настани, ќе видите низ што сѐ мора да помине љубовта за да остане засекогаш.