Скопскиот бенд DUPER и Авалон Продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот кој моментално е актуелен со супер хитовите “Не сум твој тип” и “Тело за тв”.
Во иднина следуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти.
DUPER е скопски бенд кој внесе голема свежина и сосема нова енергија на македонската сцена. Во составот влегуваат тројца млади музичари, Борис Какуринов на гитара и клавијатурa, Илчо Нечовски – вокал и бас гитара и Мартина Баракоска на тапани.