На едноставен начин постигнете тренди изглед!
Додадете малку боја
Фарбањето на веѓите е многу едноставно. Бојата ќе потрае и до неколку денови, така што нема да мора да се грижите околу постигнувањето на совршен мејкап изглед во текот на викендот.
Контурирање
Моливче во посветла нијанса користете за внатрешните агли на веѓите, а со темното пополнете ја внатрешноста. Изострете ги ивиците со повлекување на коректор директно под нацртаните веѓи, а за да ги истакнете дополнително нанесете хајлајтер.
Зголемете го волуменот
Не, волуменот не мора да биде само на вашата коса. Текстурата на веѓите е таква што само со едно нанесување ќе добиете совршена боја, нега и густина на влакното.
Повеќедимензионален ефкет
Исцртувањето на веѓите може да направи нивниот изглед прилично здодевен и монотон. За да избегнете ваков изглед, користете гелови и бидете сигурни дека само најдобрите делови од вашите веѓи ќе бидат потенцирани.
Вештачко пополнување
Сакате да постигнете изглед сличен на mikroblading ефектот, но без употреба на игла? Четкичката на моливчето остава супер тенка реалистична трага како природни влакна, па многумина ќе помислат дека навистина сте биле на третман кај професионалци.