Категории

„Биди сигурен дека за сѐ што сакаш, мора да платиш некоја цена“: Агата Кристи вака говореше за животот!

Агата Кристи е родена во 1890. година во Англија, а нејзиниот неверојатен живот ја направил најпозната светска писателка на мистериозни приказни, поради што честопати е нарекувана „кралица на злочинот“.

Агата Кристи пишувала „пред своето време“, единствено и автентично. Во 2013. година ја доби титулата најдобра писателка на детективски приказни, додека нејзиниот роман „The Murder of Roger Ackroyd“ е прогласен за најдобар криминалистички роман на сите времиња.

Вака славната Британка говореше за животот:

„Една од најсреќните работи кои може да ви се случат во животот, по мое мислење е среќното детство.“

„Сакам да живеам. Понекогаш сум малку дива, очајна, акутно несреќна или тажна, но и покрај тоа јас сигурно знам дека, само да се биде жив е голема работа“.

„Добриот совет е секогаш предодреден да биде игнориран, но тоа не значи дека не треба да го дадете“.

„Сѐ што постоело некогаш лебди во вечноста“.

„Не мислам дека потребата е мајката на инвентивноста. Пронајдокот, по мое мислење, произлегува директно од неработењето, веројатно и од мрзеливоста – за да се спаси човек себеси од неволји“.

„Ретко кој од нас е онаков каков што делува дека е“.

„Археолог е најдобриот маж кој жената може да го има. Колку е таа постара, тој толку повеќе е заинтересиран за неа. Се омажив за археолог, бидејќи колку сум постара толку повеќе ме цени“.

„Најдоброто време за планирање на книгата е она кога ги миете садовите“.

„Биди сигурен дека за сѐ што сакаш, мораш да платиш некоја цена“.

„Отсекогаш сум верувала во пишувањето без соработник, бидејќи таму каде што двајца луѓе ја пишуваат истата книга, секој верува дека ја добива цела грижа, а само половина хонорар“.

„Не се расправам со упорни луѓе. Јас делувам наспроти нив.“

Прегледи:
687
Објавено на:
04.06.2019