Категории

Zoe Flow Collection – Инспирирана од движењето

Новата Zoe Flow Collection го слави движењето во секој облик. Инспирирана е од телото на секоја танчерка. Формата на телото на секоја танчерка се одликува со цврстина, еластичност и флексибилност, тоа е дом на немирна и разиграна душа која себеси се изразува преку движење.

Моделите на новата колекција ги изразуваат нашите единствени тела и ни овозможуваат слободни движења, без оглед на тоа што го правиме – танцуваме, работиме или трчаме. Имај на ум, животот е песна, а ние сме танчери. Ние танцуваме низ различни фази од нашите животи со различни движења. Zoe Flow е тука да ве потсети како да се изразиш – преку танц, преку стил, преку секое движење што го посакуваш.

Пробајте ја новата колекција и уживајте во вашиот живот! Новата колекција може да ја најдете само во продавниците на Polleo Sport!

Прегледи:
638
Објавено на:
20.06.2019